Истeкyвaaт пocледните часови за пронаоѓање на иcчeзнaтата подмopница, екипажот денеска ќе cнeма киcлopoд

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

САД испратија авион П-8 Посејдон да помогне во пронаоѓањето на подморницата на индонезиската морнарица, која исчезна во морето недалеку од Бали, но се помали се надежите дека 53 членови на екипажот ќе бидат спасени, бидејќи прогнозите се дека тие би имале кислород до денска.

Индонезиската морнарица соопшти дека испратила хеликоптери и бродови за пребарување на областа каде што во средата бил изгубен контактот со исчезнатата подморница „КРИ Нангала 402“.

Австралија исто така испрати опремена фрегата со хеликоптер за да помогне во потрагата по подморницата, додека поморските власти соопштија дека на пат се и бродови од Индија и Сингапур, бидејќи расте загриженоста дека подморницата може да се распадне поради притисокот на водата.

„Ќе мора да ја имаме предвид и можноста подморницата да падне под својата максимална длабочина на нуркање, што ќе доведе до имплозија“, рече Колин Кох, научник од Институтот за одбрана и стратешки студии.

Индонезиските власти вчера соопштија дека екипажот ќе има доволно воздух до сабота в зори по локално време.

„Со целата достапна опрема, треба да можеме да откриеме каде се наоѓа подморницата“, рече портпаролот на индонезиската војска, Ахмад Ријад на прес-конференција.

Кох додаде дека претпоставката дека подморницата има 72 часа кислород е оптимистичка со оглед на ограничената способност на подморницата да генерира кислород, поради нејзиното конвенционално производство на енергија.

„Затоа постои можност кислородот веќе да е потрошен“, рече Кох.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This