April 25, 2024, 12:30 pm

ИСЦРПЕНИ СРЕДСТВАТА ЗА СУБВЕНЦИИ ЗА ПЕЧКИ НА ПЕЛЕТИ: Град Скопје ги потроши парите предвидени за субвенции за купување печки на пелети

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Град Скопје ги информира граѓаните дека се исцрпени средствата предвидени за субвенции за купување печки на пелети, односно денеска до 16 часот се пристигнати 200 барања.

Со ова, условот за завршување на јавниот повик е исполнет, а барања на граѓаните за субвенции за купување печки на пелети вработените во архивата на Град Скопје нема да ги примаат.

Со јавниот повик за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на градот Скопје за купување печки на пелети, граѓаните имаа можност да набават печки на пелети, а Град Скопје да ги субвенционира во висина од 70% од вредноста на печката, но не повеќе од 30.000 денари со вклучен персонален данок на доход по домаќинство. За овој втор јавен повик во 2018 година за субвенции за купување на печки на пелети во Буџетот на Град Скопје беа предвидени околу 5 милиони денари.

За потсетување, ова е втор јавен повик во 2018 година за субвенционирање печки на пелети, а претходно во месец мај годинава беа доделени 187 субвенции.

Субвенционирањето на купување печки на пелети ги стимулира жителите на град Скопје (домаќинствата) за примена на почисто гориво и поквалитетни печки за затоплување на своите домови, кои имаат повисока енергетска ефикасност и пониски емисии во воздухот и една од мерките што придонесува за намалување на загаденоста на амбиентниот воздух.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This