ИТАЛИЈАНСКИОТ ВИЦЕПРЕМИЕР БЕЗ ВЛАКНА НА ЈАЗИК: Украинскиот „евромајдан“ беше псевдореволуција, платена од некои земји!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Италијанскиот вицепремиер Матео Салвини изјави дека украинскиот „евромајдан“ во 2014. година бил псевдореволуција платена однадвор. Оваа „гола вистина“ ја кажал во интервју за „Вашингтон пост“, а не се двоумел да оди и понатаму во изјавите

„Споредете го евромајданот – таа лажна револуција во Украина – со референдумот на Крим. На Крим е одржан референдум на кој 90% од сите кои гласале беа за припојување на полуостровот кон Русија, а псевдореволуцијата ја спонзорираа некои земји“.

Салвини укажува дека во светот постојат одредени руски историски зони – со руска култура и традиција. Нагласи дека Крим го смета за една од тие зони.

Вториот човек во Италијанската влада пред ова интервј соопшти дека Рим ќе оди до крај во 2018-та во Брисел и официјално ќе го отвори прашањето за укинување на санкциите кои ЕУ ги воведе против Русија.

Во Киев на ова, очекувано, реагираа веднаш.

Италијанскиот амбасадор во Украина веднаш бил повикан во Министерството за надворешни работи на земјата со кое раководи Павел Климкин кој морал да го слушне оправдувањето на министерот за тврдењата на Салвини дека „евромајдан“ бил псевдореволуција.

Врвот на украинската дипломатија веднаш потоа објави соопштение во кое Салвини се обивнува дека го доведува во прашање суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This