Потпретседателот на владата на Италија, Луиџи ди Маји изјави дека неговиот состанок со француските активисти од движењето на „Жолтите елеци“ не било провокација, како што оцени Париз кој го повлече својот амбасадор од Рим, пренесува Танјуг.
„Тоа не беше провокација кон актуелната француска власт, туку важен состанок со политичка сила со која имаме многу зедничко, меѓу другото и ставот дека треба да му се дде поголема власт на народот“, напиша Ди Мајо на својот профил на фејсбук.
Според него состанокот бил легитимен со оглед на тоа дека тој има право на дијалог и со други претставници на францускиот народ.
Ди Мајо исто така додаде и дека Италија е пријател и сојузник на францускиот народ и изрази желба да се состане со претставниците француските власти за да се реши недоразбирањето.