ИТАЛИЈАНСКИ АГЕНТ ГО ОБВИНИ ФЕРГУСОН: Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед наместил натпpeвар за „златен ролекс“ од 30.000 фунти

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Легендарниот фудбалски тренер Сер Алекс Фергусон е обвинет за местење на барем еден натпревар во текот на неговата кариера, пренесуваат медиумите на Островот.

 

 

Тој беше oбвинет од италијански агент, 64-годишниот Џузепе „Пино“ Паљара, кој истакна дека поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед го сторил тоа заради „златен ролекс“ од 30.000 фунти.

Тој го обвини Фергусон за месетење на натпревар во Лигата на шампионите против Јувентус, а информацијата беше откриена на суд, каде Италијанецот е под обвинение за мито.

 

Исто така се тврди дека Паљара изјавил дека Фергусон честопати незаконски земал пари од трансфери на разни играчи.

Заедно со него се обвинети и поранешниот помошник тренер на Барнсли, Томи Рајт и фудбалскиот агент Декс Прајс, кои се изјаснија за невини по тврдењата.

 

Имињата на славни фудбалски фигури како Стив Мекларен, Хари Реднап и Нил Ворнок исто така беа споменати на судењето на Паљара.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This