ИТАЛИЈАНСКИ АСТРОНОМ СНИМИЛ НЕШТО НЕВЕРОЈАТНО: „Потенцијално oпaceн“ acтepoид упатен кон Земјата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Астрофизичарот и астроном д-р Жанлука Маси од Проектот за виртуелен телескоп во Италија ги набљудувал ѕвездите на 17 јануари кога успеал да сними неверојатна слика – acтepoид упатен кон нас.

Додека Маси го набљудувал небото во раните утрински часови во петокот, се појавил acтeрoидoт 2020 АН3. Научникот успеал да ја штракне оваа неверојатна фотографија на acтeрoидoт – само еден од илјадниците потенцијално oпacни acтeрoиди што еден ден би можеле да ја пoгoдaт Земјата – додека се наоѓал на приближно 3,1 милиони километри од нашата планета.

Иако на фотографијата личи на обична точка, се проценува дека acтeрoидoт има дијаметар меѓу 230 и 510 метри. Експозицијата од 180 секунди ја доловува вселенската карпа додека се движи кон Земјата, а должината на експозицијата предизвикува сите ѕвезди во заднината да личат на линии.

„Телескопот го следи очигледното движење на acтeрoидoт“, рече Маси за својата неверојатна фотографија.

Вселенската карпа била следена од Центарот за истражување објекти блиски до Земјата на НАСА и се наоѓа на списокот на ризични acтeрoиди на Европската вселенска агенција, но била откриена дури неколку дена пред нејзиниот близок пристап кон Земјата.

Таа е еден од неверојатните 88 нови објекти близу Земјата што се забележани досега годинава.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This