Земјотрес во Италија е почувствуван во Брисел. Поддршката за евроскептичките и антиимигрантските партии доаѓа како голем шок од земја која традиционално покажуваше голема љубов кон ЕУ.
Но, загриженоста за економската и миграцијата ги погодија гласачите најмногу.
“Г-ѓа Меркел има голема одговорност за она што се случи, бидејќи таа зеде еднострана одлука (во однос на миграцијата), без каква било вистинска дискусија со нејзините партнери во ЕУ”, изјави еден италијанец во Брисел за Euronews.
Тој додаде: “Јас не мислам дека Италијанците се евроскептици, мислам дека Италијанците чекаат одговор од политичарите Одговорите нема многу години Тие луѓе гласаа за да ги натераат политичарите да реагираат…”
Но, во Брисел, сеуште мислат дека гласачите биле ,,излажани’’.
“Ова е европски тренд, како и со Brexit. За жал, луѓето зборуваат за миграција, поврзувајќи ја со општествените проблеми, тоа е всушност е резултат на економската криза”, изјави Сесил Киген, италијански левичарски европратеник.
За силите во парламентот на ЕУ, кои ја водат евроскептичката агенда, исходот од италијанските избори е чекор напред.
“Тие не сакаат ЕУ да продолжи на овој начин ЕУ да се претвори во федерална Европа или Соединети Европски Држави за понатамошна интеграција, се надевам дека оваа порака ќе ја слушне г-дин Јункер, Меркел и претседателот Макрон”, рече Јан Захрадил, Чешки конзервативен европратеник.