ИТАЛИЈА И СЕ СПРОТИВСТАВИ НА ЕУ: Италија стави вето на признавањето на Гваидо за претседател на Венецуела!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Италија го блокираше соопштението на ЕУ за признавање на претседателот на парламентот на Венецуела, Хуан Гваидо за привремен претседател, дознава Спутник од дипломатски извори од Брисел.

„Италија, на неофицијален состанок на шефовите на дипломатиите на државите членки на ЕУ кој се одржа помеѓу 31 јануафи и 1ви февруари во Букурешт, стави вето на соопштението на ЕУ, кое требаше да го прочита шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини и во кое се велеше дека Еу ќе го признаe Гваидо за претседател доколку не се организираат предвремени извори.“ соопштува изворот.

По состанокот  ЕУ и Уругвај закажаа прв министерски состанок со контактната група за Венецуела, на 7ми февруари во Монтевидео.

Во Венецуела на 21ви јануари започнаа масовни протести против актуелниот претседател на Венецуела Николас Мадуро. Претседателот на парламентот Хуан Гваидо на 23ти јануари се прогласи за привреме претседател на државата. САД и неколку други земји го признаа Гваидо и побараа од претседателот Мадуро да не дозволи насилство над опозицијата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This