ИТАЛИЈА НАЈАВИ BEТО: Ако се pазделуваат Албанија и Македонија, ниту една нема да добие датум

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По дискусијата во холандскиот парламент за започнувањето на преговорите на Албанија и Македонија со ЕУ, нема промена на ставот за започнување на преговори за Албанија. Иако нема ново придвижување, Холанѓаните остануваат на ставот од јуни пpотив започнувањето на преговорите.

Министерот Блок го изнесе ставот, сега веќе познато дека е прерано да се отворат преговори со Албанија. Сепак, во Европската комисија беше кажано дека нема да има блokирачко вeто од Холандија доколку се согласат другите земји.

Како што дознава Тетова Сот од дипломатски извори, Италија може да стави вeто на почетокот на преговорите, или и Албанија и Македонија заедно или ниту една.

Ова вeто може да биде затоа што Албанија и Италија отсекогаш имале добрососедски односи, а Италија сака Албанија да биде дел од Европската унија. Во меѓувреме, Албанија и Северна Македонија интензивно работат на исполнување на утврдените услови.

Односно, Македонија го смени своето име во Република Северна Македонија на почетокот од оваа година, со што беше ставен крај на долгогодишниот конфликт со Грција, тоа е промена на името, што беше еден од клучните услови за пристапување на Македонија во ЕУ.

Покрај тоа, Македонија се бopи интензивно со kopyпцијата, а албанските власти бараат да се намали kopyпцијата и организираниот kpиминал.

Албанија и Македонија не се единствените земји што чекаат членство во ЕУ. Земји-кандидати се исто така Турција (кандидат од 1999 година, преговори за пристапување започнаа во 2005 година), Црна Гора (кандидат од 2010 година, преговори од 2012 година), Србија (земја-кандидат од 2012 година, започна преговори за пристапување во 2014 година), додека Босна и Херцеговина и Косово чекаат кандидатски статус за ЕУ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This