ИТАЛИЈА НЕМА НАМЕРА ДА ДОЗВОЛИ МИГРАНТИ: Министерот за внатрешни на Италија бара Либија сама да си го реши проблемот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Италијанскиот министер за внатрешни работи во понеделникот се состана со својот либиски колега во Триполи, на разговори околу “итната состојба со мигрантите” со која се соочува Европа.

Пред да отпатува, Матео Салдини побара странските добротворни организации да престанат да ги спасуваат мигрантите од северноафриканското крајбрежје и да ги носат во Италија.

“Дозволете либиските власти да ја завршат својата работа за спасување, и враќање[на мигранти] во нивната земја, како што тоа го прават извесно време, без бродови на незаситните невладини организации кои предизвикуваат проблеми”, изјави тој за новинарите.

“Италијанските пристаништа се и ќе бидат затворени за оние што им помагаат на трговците со луѓе”, додаде тој.

По допатувањето во Либија, Салвини се состана со либискиот министер за внатрешни работи, Абдуласалам Ашур, и ја објави својата заложба за “зајакнување на пријателството и соработката меѓу нашите двете земји на сите фронтови, почнувајќи на итната иницијатива”.

Салвини стана првиот член на новата италијанска влада што ја посети Либија, разурната во војната која се распадна на повеќе завојувани фракции во 2011 година, по интервенцијата на НАТО за соборување на Муамер Гадафи.

Либискиот вицепремиер Ахмед Маитек во понеделникот за италијанскиот весник “Ла република” изјави дека Триполи ја гледа соработката со Италија за прашањето на трговијата со луѓе како “клучна”.

“Трговците со луѓе кои доведуваат мигранти во Италија се опасни криминални групи за нас, кои ја спречуваат Либија да направи чекор кон тешка нормализација. Цела Европа мора да размислува за структурни мерки за преземање во африканските земји за запирање на мигрантите”, рече тој, а пренесе АФП.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This