ИТАЛЈАНСКИ ЕВРОПРАТЕНИК: Вистинските фашисти се тука во Брисел, тие не ја почитуваат демократијата и избраните влади!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Европските елити се загрижени дека анти-имиграциските партии ќе им го земат местото, вели членот на Лега и член на Европскиот парламент, Марко Зани, за унгарскиот дневен весник Magyar Hirlap. “Елитите на ЕУ ги напаѓаат политичарите поради нивниот став за мигрантите”.

Италијанскиот политичар истакна дека миграционата политика на унгарската и италијанската влада е поддржана од народот, дури и ако проимиграциските елити сакаат да ги делегитимизираат овие демократски избрани влади.

Зани вели дека италијанскиот министер за внатрешни работи, Матео Савдини, сака да ги предводи оние партии кои сакаат длабоки промени во три области: миграција, внатрешна безбедност и економски развој. Неговиот слоган е “да правиме помалку работи заедно, но подобро”, бидејќи Салвини сака повеќе супсидијарност и национални држави да се вратат во центарот на ЕУ. Европратеникот истакна дека треба да има ефективна соработка во некои области, како што е единствениот пазар.

Во врска со овие недели, дебатата за ЕП во Унгарија, Зани вели дека европските елити не ја почитуваат демократијата, тие ги трансформираа механизмите на владеење на правото во политички алатки. “Вистинските фашисти се тука во Брисел, тие не ја почитуваат демократијата и избраните влади”, рече Зани, додавајќи дека “луѓето ќе гласаат против нив”.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This