ИТАЛЈАНЦИТЕ КОНЕЧНО МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ: Најмал дневен број на новозаразени во последните три месеци

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во Италија, бројот на нови случаи на зараза со Ковид-19 се намалува во целата земја, вклучувајќи ја и Ломбардија, најтешко погодениот италијански регион.

Исклучок е Лигурија, каде бројот на нови случаи се зголемува.

Во Италија, регистрирани се 178 новозаразени, што е најмала бројка од 26 февруари, додека пак според вчерашниот извештај имаше 355.

Негативен извештај доаѓа од Лигурија, каде според последните дневни податоци, заразени се 56 лица, додека во Ломбардија, забележани се 50 позитивни случаи на Ковид-19.

Бројот на починати како последица од Ковид-19 исто така се намалува во споредба со вчерашните 75 и денеска изнесува 60, додека вкупниот број на жртви од вирусот е 33.475.

Првиот официјален случај на инфекција во Италија беше регистриран на 21 февруари во Кодоњо, на северот од земјата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This