ИТЕН РАСПУСТ ПОРАДИ ЕНОРМНОТО ЗАГАДУВАЊЕ: „Меѓаши“ бараат итно ослободување на децата на распуст поради загаденоста на воздухот!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Децата итно да се пуштат на распуст, а помалите да не се пуштаат во градинка, бараат од Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ во Република Македонија.

„Имајќи ги предвид енормната загаденост на воздухот и неговото катастрофално влијание врз здравјето, бараме од централната и локалната власт децата итно да се пуштат на распуст, а градинките и сите установи каде што престојуваат деца да се затворат сè додека концентрацијата на ПМ 10 и ПМ 2,5-честичките се намали во нормални граници и сè додека од надлежните институции не се преземат соодветни и конкретни мерки за заштита“, стои во соопштението.

Од „Меѓаши“ најавуваат дека во спротивно целосно ќе го поддржат веќе најавениот бојкот од страна на родителите, најавен за 20 декември 2017.

Оттаму повикуваат борбата за правото на чист воздух да не се сведува на политичка и партиска пресметка.

„Апелираме дека состојбата со здравјето на децата станува сè поалармантна. Се доведува во опасност животот на децата и се прекршуваат повеќе членови од Конвенцијата за правата на детето. Секое второ дете е со белодробни заболувања, астма, бронхитис и други здравствени проблеми. Апелираме дека доколку не се преземе итна заштита на децата од страна на надлежните институции, ќе бидеме принудени на ригорозни мерки, бојкот, протести, екогерила-активности, блокирање на патиштата“, наведуваат од „Меѓаши“.

Информираат и дека за состојбата ќе ги известат сите членови на Комитетот за правата на детето.

„Со загрозување на правото на детето на живот и здрава животна средина се прекршува и Уставот на Република Македонија. За оваа состојба во која се наоѓаат децата ќе бидат информирани и други меѓународни организации каде што ’Меѓаши’ е членка“, се посочува во соопштението.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This