Итaлиjaнитe ce нajдoлгoвeчни житeли вo ЕУ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Италија има најдолговечните жители помеѓу земјите-членки на Европска Унија. За разлика од трендот во ЕУ, каде мажите просечно живеат повеќе од жените, во Италија мажите просечно живеат 81, а жените 85 години.

Податоците на Еуростат покажуваат дека животниот век во ЕУ е продолжен и просечно изнесува 81,2 години.

Животниот век зависи од локалните услови за живот, но и од квалитетот на воздухот, на водата и на храната. Подолг животен век не значи и подобар и поквалитетен живот, бидејќи со зголемувањето на староста на населението растат и потребите и трошоците за специјални сервисни услоги, пред се здравствените и тие што се однесуваат на чувањето на возрасните лица.

Италија неколку години е и на прво место во светот по нискиот наталитет, на секои сто починати се раѓаат по 67 бебиња. Ситуацијата се подобрува со мигрантските семејства кои просечно имаат повеќе од две деца. Исто така работниците од другите земји значително придонесуваат за полнење на касата на државниот пензиски фонд.

Помеѓу италијанските градови, Трст е на прво место по бројот на житеи кои имаат над сто години односно има од осум до 10 ултра стогодишници на 10.000 жители.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This