#ИЈасСумИнфомакс: Инфомакс нападнат, откако Шеќеринска не прогласи за „државен непријател“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Не поминаа ниту 12 часа откако министерката за одбрана Радмила Шеќеринска одговарајќи на прашање кое и беше поставено од уредникот на Инфомакс за време на промотивниот настан по повод Денот на Армијата, а армадата провладини медиуми започна со кампања против „државниот непријател“ и „структурите“ кои работеле против интересите на НАТО во Македонија

Најнапред, со нарачан текст и прилог на про-владината телевизија ТВ21, „Инфомакс“ покрај етикетата државен непријател, порталот беше прогласен и за „фејк њуз“. Причината, нарачателите ја гледаат во тоа што нашата редакција отвори сомнеж дека на воениот полигон Криволак можеби се користи и муниција со радиоактивно полнење. Ова, предизвика паника кај министерката, па не бираше зборови да го навреди медиумот и новинарите кои работат во него, како и читателите прогласувајќи ги за „структури“ кои работеле против државата и против интересите на НАТО во Македонија.

Секако, кога тие работеа опозициски, тоа беше „демократија“, сега тоа е „анти-државен елемент“.

Но драмата, како што знаете, не заврши тука. По исклучувањето на камерите, најблиските соработници на Шеќеринска продолжија со жолчна расправа, обидувајќи се на висок тон и со навреди да издејствуваат повлекување на текстови против Шеќеринска. Секако, тоа не им успеа.

Кулминацијата сепак, беше во текот на вечерта кога околу 23.30 часот, серверот на кој е поставен „Инфомакс.мк“ беше под силен напад од домашни  странски интернет адреси, а кратко потоа и онеспособен. Првичните информации од ИТ експертите кои цела ноќ се трудеа да го вратат порталот онлајн се дека се работи за т.н. ДДоС напад, а за тоа се креирани и логови (след на настани) во кои се содржани и податоците за напаѓачите. Од она што го увидоа ИТ експертите, тврдат дека се работи за интервентен налог, и напад од државна инфраструктура.

„Инфомакс.мк“ не е прв пат цел на вакви напади. Речиси без исклучок, кога сега владејачката партија немала начин аргументирано да се спротивстави на нашите информации, прибегнувале кон вакви начини на „решавање“ на проблемите. Но, редакцијата на „Инфомакс“ никогаш не се откажа од својата борба за вистина, и никогаш нема да се откаже. Од борбата за слободна, демократска, правна држава. Земја во која сите ќе бидат еднакви пред законот, држава која сите еднакво ќе ја чувствуваат за своја.

За нас, вистината е пред и над се. Нема да не исплашат, нема да не запрат. Само не прават посилни.

Затоа, #ИЈасСумИнфомакс.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This