И АЛБАНЦИТЕ ПОВИКУВААТ НА БОЈКОТ НА РЕФЕРЕНДУМОТ: Прво ќе се втемели граѓанскиот концепт во Уставот, а потоа ќе влегуваме во ЕУ и НАТО!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Најпрвo да се отвори Уставот и да се постави врз темели на граѓанскиот концепт, а потоа можеме да разговараме за промена на името и за реферндум. Вака, се прескокнуваат темелните прашања и затоа нашите членови, активисти и семејствата, како и многу други граѓани Албанци, Македонци и од друга етничка припадност ќе ги повикаме да го бојкотираат референдумот, а на комесарите од Европската унија јавно им порачуваме дека нашите прозападни ориентации никогаш не биле спорни, меѓутоа нема да дозволиме да се остваруваат на ваков начин. Оваа порака денеска доаѓа од Здружението “Kongresi I baskimit“  од Битола, ексклузивно пренесува „Алфа“.

  • Сите органи на здружението донесоа одлука и се сложија за референдумот кој следува за промена на името, да се бојкотира и да не се проддржува. Така, треба да се отфрлат сите озборувања дека сите Албанци се сложуваат со промената на името на Држвата, како прво. Како второ, за да се промени името и да има референдум, треба првин да се отвори Уставот на република Македонија- рече Фергим Демири, претседател на здружението “Kongresi I baskimit“ со седиште во Битола.

Нема да се уплашиме ниту од притисоци, ниту од закани доколку некој се обидува да не замолче, бидејќи тезата дека сите Албанци ќе го поддржат референдумот, е лажна слика за состојбите на теренот, а истомисленици како нас има многу, вели претседателот на Здружението Фергим Демири.

  • Притисок врз Албанците ќе има, но сите Албанци нема да го прифатат тој притисок. Конкртетно им укажувам на сите тие што ќе вршат притисок кон мене и кон другите здруженија што се истомисленици со нас, нема да ги прифатиме и нема да не поткупат со ништо оти ние ја сакаме државата и сакаме да биде како што треба и со граѓански концепт да влезе во Европската унија, каде што му е местото- вели Демири.

Ако не бидат прифатени нашите сугестии, ние јавно ќе излеземе и со памфлети ќе отвориме кампања против референдумот со повик до граѓаните, с`е едно од која етничка припадност се, да го бојктоираат  , иако немаме врска ниту со власта ниту со опозицијата,  велат од “Kongresi I baskimit“. <

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This