April 24, 2024, 11:36 am

И АЛИОСКИ Е ГОРД МАКЕДОНЕЦ: Никогаш не сум размислувал да играм за друга репрезентација

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонскиот репрезентативец Езгијан Алиоски дефинитивно со секој репрезентативен настап ја воодушевува македонската спортска јавност. По неговите извонредни игри за репрезернтацијата на Македонија, но и во дресот на англискиот Лидс, во едно интервју, швајцарските медиуми со прашалник како се случило да испуштат еден таков фудбалер, кој е одрастен во Швајцарија.


Што прави Езгијан Алиоски? Во ексклузивното интервју за швајцарскииот “Блувин”, поранешниот напаѓач на Лугано зборува за неговиот нов живот, за неговиот голем сон и за одлуката да игра за македонската репрезентација.

„За мене постои само една репрезентација – и тоа е македонската , вака го започнува своето интервју Македонецот Алиоски. Никогаш не сум размислувал за друга репрезентација, но да бидам искрен кога почнав да играм за Македонија во тоа време јас играв во Шафахаузен а тогаш во Швајцарија имаше подобри играчи од мене. Иинтересот на Швајцарците се појави откако веќе пружав квалитетни игри во Лугано, но тогаш веќе бев стандарден репрезентативец на Македонија за која со гордост играм“ – вели Алиоски во изјава за швајцарските медиуми и дополнува:

„Нашата заедничка цел е сега да играме на ЕП 2020. Владее одлична атмосфера во репрезентацијата како никогаш претходно. Сите сме мотивирани и желни за победи“.

Понатаму Алиоски вели дека воопшто не размислувал кога пристигнала понудата од Лидс.

„Моја желба отсекогаш беше да играм во Англија, и кога пристигна понудата од Лидс со задоволство ја прифатив. И не погрешив. Сега сум пресреќен во овој клуб“ – вели македонскиот репрезентативец.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This