И АМЕРИКАНЦИТЕ ЌЕ СЕ ОТКАЖАТ ОД СПОРОТ: „Македонија: Име за кое вреди да се бориш“ е последната анализа на Стратфор

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Американската геополитичка платформа и издавач „Стратфор“ во својата обемна анализа на грчко-македонскиот спор објавена денеска заклучува уште во насловот дека „Македонија е име за кое вреди да се бори“.

По деталната елаборација на проблемот од најразлични аспекти, констатирајќи дека „без оглед на исходот, конфликтот покажува дека прашањата за националниот идентитет сè уште често ги заменуваат другите размислувања“, „барањето трајно решение за спорот за името на Скопје и Атина е полесно да се каже отколку да се направи“ и „идентитетските политики се силни на Балканот, регион каде што географијата и историјата создадоа фрагментација и конфликт. Во овој дел од светот, етнолингвистичките групи користат силни национални наративи за да ја оправдаат својата контрола на територијата“, „Стратфор“ ја допира суштината со меѓунасловот „Сè е во името“.

„На луѓето отстрана грчко-македонскиот конфликт може да им изгледа како мал или апсурден. Фактот што две земји поминаа децении дебатирајќи за настани што се случиле пред 25 века е тешко да се разбере за луѓето што немаат влог во спорот, особено со оглед на тоа што двете страни најверојатно ќе имаат корист од решението. Стабилна, просперитетна Македонија, која припаѓа и на Европска унија и на НАТО, ќе означи значаен напредок во регионот обележан со политичка нестабилност и економски слабости. Македонија би била способна да работи во насока на нормализирање на својата позиција на меѓународната сцена, а Грција би имала пријател на северната граница.

Но, грчко-македонскиот спор е суштински поврзан со прашањето на националниот идентитет, кој често пати опфаќа економски или институционални аргументи. Светот можеби сè повеќе се глобализира, но повеќето луѓе сè уште се идентификуваат со местото од каде што доаѓаат или живеат. Името на тоа место не е мало прашање за нив, бидејќи е поврзано со нивниот идентитет и заедничкото чувство за историја и култура. Ова објаснува зошто Атина не сака Скопје да користи име што многу Грци мислат дека не им припаѓа на нивните северни соседи, додека многу Македонци не сакаат да се откажат од име за кое веруваат дека ја дефинира нивната култура. Последните дипломатски напори на Атина и Скопје, според тоа, може да не бидат доволни за решавање на спорот што е длабоко поврзан со основните верувања и идентитети на двете вклучени земји“, пишува „Стратфор“ во својата анализа.

24 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This