И БАРОТ ИНТЕРМЕЦО СО KPИВИЧНА ЗА 3AГPO3УВАЊЕ НА ЈАВНОТО ЗДPABЈЕ: Тие се cpaм за државата, рече Пауновски

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Скопскиот ексклузивен бар Интермецо во населбата Капиштец има кривична пријава за загрозување на јавното здравје, потврди за Фактор, директорот на Паразниот инспекторат, Стојко Пауновски, кој истовремено нагласи дека ова е втора кривична пријава за Интермецо.

-Пред две-три недели е првата, од завчера има уште една. Преполно било, забава со огромен број луѓе, а од протоколите нула. Ништо не е испочитувано. Навистина сите како Интермецо, Мош, Аватар од Струмица, сите такви ексклузивни кои се прават, се само се голем и невиден срам за државата, луто вели директорот Пауновски за Фактор.

Истовремено потенцира дека искрено жали што инспекцијата не е во можност веднаш да ги запечати на еден месец.

-По кривилните пријави, обвинителството ги доставува до судот, но досега се нема случено некој да биде сериозно казнет. Има пресуди, условно казнети. По членовите 205 и 206, зошто не е изречена затворска казна, особено кога за некои од кафулињата, локалите, баровите имаат и по повеќе кривични пријави. И тие судии треба да се стават на сидот на срамот, потенцира Пауновски.

Бројките на новозаразени се во подем, вчера во Македонија беше регистриран рекорден број од 243 позитивни на Ковид-19. Здравствените власти од утре најавуваат рестриктивни мерки, но се уште не се знае што конкретно ќе применат.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This