И БЕЗ ДА ГО ПРИЗНАЕ КОСОВО: Србија доби од ЕУ неповpaтни 179 милиони евра

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Српската министерка за европска интеграција, Јадранка Јоксимовиќ и комесарот за пристапни преговори, Јоханес Хан денеска во Брисел го потпишаа пакетот за претпристапната пomош на ИПА 2018 во износ од 179, 1 милион евра.

Станува збор за неповpaтни средства од ЕУ наменети за поддршка на Србија на европскиот пат. ИПА програмата за 2018 година предвидува поддршка на проекти во областа на заштитата на животната средина, иновациите, развојот на туристичката инфраструктура, како и поддршка на ранливите категории преку одржливи решенија за живеалишта и вработувања.

Програмата предвидува и интервенции во областа на статистиката, процесот на европските интеграции и усогласување со стандардите на ЕУ, пренесе новинската агенција „Танјуг“.

Преку ИПА фондовите ЕУ пomага и ги поддржува земјите кои се кандидати за членство во ЕУ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This