April 27, 2024, 12:26 am

И бypeкoт двojaзичeн – пo пoceтa на инcпekтopи цeлиoт дyќaн „peбpeндиpaн“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

За декларацијата на млекото и за таблите ли беше? Или за инаетот или хегемонија на малцинството ли беше?

Се уште не ми излегува од ушите кажаните ултимативни ставови на еден јавен службеник во државна управа кој во холот на Агенција за вработување им се развика на присутните: Сакале или не ќе учите албански? Не ме интересира… Постарата жена со картончето за пријава на невработен на кој беше потребно само да се стави печат за да го потврди својот статус на невработен, со наведната глава излезе од салата со изгубен поглед и зачуденост…

Дрскоста не ме изненадува и порано сум имал контакти со „големите команданти“ кога требаше да им се поправа компјутерот или маусот денес му правел клик-клак, а не клик-клик како вчера. Но, и во моментот кога ги добил сите права како малцинство кои никој до сега не му ги ускратувал, правото на хегемонија на малцинството врз мнозинството по се изгледа му било побитно, дали да се затскрие зад својата неспособност или не небитно… Во прашање беше печат, на картонче како последен крик на генерацијата која ги изгуби правата на достоинство од работа и награда за вложен труд наречена плата.

Како функционира двојазичноста на терен

Несомнено ме импресионира начинот на кој еден потпретседател на Влада неодамна јуришаше на институции за со законот примената двојазичните табли.
Пали приватна кола контролирај дали е испорачано со законот. Ми се вртеше помислата при една пригода да му кажам пред зградата кај поранешната Нова Македонија дали зградата е поубаво за него лично да се вика поранешна „Maqedonia e Re“. Дали тоа е доволно да му ги реши проблемите околу снаоѓањето и егзистирањето како Албанец во Македонија? Него ај… И онака нема да ме разбере што сакам да му кажам…

Во скопската чаршија редовно во сабота во старо друштво си ги мавам „шотови“ од прекрасниот чај, па решив малце да се растуриме со муабет дали нето им е променето на другариве околу примената на јазикот. Така и викендов, ми се насмеаја во фаца дека ги знам дека ним и не им е битно ама кога седнавме со Бесник у бурекџилница каде татко му Асан работи од кога го знам, од копиљ, кажа многу паметна мисла…

-Мене ме кошташе уште 100 евра да ја сменам таблата со натпис над бурекџилница да стои „Burektore“ и пластифицирав на лист на влезот сите поими за час, работно време, сопственик, фирма, шо све пропишале дека ќе бараат, и тоа не дека Македонците и Албанците не знаат каде ми е дуќанот туку дека мора… И да и фискалната ја носев за уште 100 евра да ја дополнат со истите поими на албански, бидејќи инспектор ќе ми влезе и ќе ме одере ако не применувам тој закон… Помалку македонци ми доаѓаат во дуќан, помалце Турци ми доаѓаат во дуќан, иако правам најубав бурек… Не е убаво… Така пишале у Закон и морам да го имам… Мене ништо не ми менува и не ти праам лице дека те знам – ми вели. Ама ниту еден Закон не донесоа како јас тие 6000 денари сега да ги надокнадам. Немам да му додадам плата и онака никој не поминува веќе поради пандемијата.
Го прашувам дали знае дека тој не мора да преименува дуќан и натписи и се. Ми рече – кој да ти каже бе синко… Ниту еден не ти кажува туку доаѓа и прашува само зошто немам знак на албански. Ја у прашалници, прашав книговодителката, таа креваше раменици и ми вели ваљда мора… и сменив се…

Навидум вообичаен муабет на газда еснаф во чаршија кој си го знам, но подоцна јасно ми беше колку на него како Албанец му е битно се она што пишува во популарниот закон за јазиците.

По доле од чаршија на раскрсница кај Крсте Петков Мисирков во судска палата имав добар муабет со тетка Маре која работи во адвокатска канцеларија и чекаше пред Основниот Суд 2 и ја прашав како е сега со законот за јазици и дали имаат одредени промени во редовната работа. Истата работа ја повтори и ми кажа дека работата сега им е успорена и дека се поретко доаѓаат странки кои се од националностите. Таа си обезбедила соработка со уште една адвокатка која е албанка по потекло но знае и турски и ја прими како приправник, но исто така морала да ги пресмета и трошоците, така да се размислува веќе и сериозно да ја затвори канцеларијата и да бара чаре.

-Едноставно и лесно е како да си одлучиш. Ако потрае коронава ќе не уништи, Немам ни пари да ја платам Кефсер која ми ги преведува поднесоците. Секоја тужба е двојазична иако реално прекрасно работи, немам пари да ја платам доволно бидејќи толку е таксата која ја добивам од добиен предмет. А што направија? По споро ги добиваме пресудите и документите, реално со зајакнаа само бирократскиот апарат и се успори системот. И не дека ми смета, но реално трошоците станаа огромни без никаква потреба. Јас на странка која изгубила не можам да му објаснам зошто трошоците се зголемени, па неретко и покрај тоа што има предмет кој добива, тој не може да си ги бара и да си ги добие своите права затоа што ангажманот на адвокат или услуга му е поскапо отколку да се избори за своите права…

Интересно е тоа што во наше истражување всушност во реалноста едвај 12 % од граѓаните се запознаени со потребите од примената на законот за јазиците.
Едноставно: Ниту еснафот мора, ниту тоа е пропишано во истиот. Со законот единствениот резултат кој се постигна е јакнење на психологијата на страв кај граѓаните, а при тоа одредени административци си ја земаа улогата на „камшици“, па осилени од истиот прават инциденти по институции каде реално гледаат дека граѓаните им е сосема друго побитно – да ги остварат своите права и потреби за преживување, особено сега при состојба на пандемија.

Суштината на Законот е неприменлива и неодржлива.

Во извештајот за напредокот на Македонија од страна на потпретседателот на Владата беше назначено дека усвојувањето на Законот за јазиците бил „значаен успех на Македонија на патот до ЕУ“. Европратениците тогаш не го загризаа тој залак, па имаше фрази од типот примена на јазикот на малцинствата во образованието на целата територија на државата е цитирам „треба да биде на незадолжителна основа“ и наспроти таквата одредба повеќе беа задржани забелешките дека образованието треба да биде на интегративна основа, што значи примената на јазикот на малцинствата нималку не влијае на интеграцијата на образованието во целост.

Реално оној потпретседател на Влада кој патролираше по институции треба да помине по институциите ама онака маскиран да не го познае никој и само да види колку предметите на граѓаните сега се средуваат едвај за 30 дена, значи 15 дена подолго. Не важи веќе правилото на „молк на институциите“ и предметите. Сега дур се преведат и средат за одреден некаков банален проблем кој го има еден граѓанин, а институциите ти велат да научиш албански ако сакаш да си побараш тоа што ти треба во оваа држава.

Што прави законот

Новиот закон за употреба на јазиците, кој се заснова на одредбите од Охридскиот рамковен договор, исто како и Охридскиот рамковен договор, отвора реална можност за понатамошно продлабочување на поделеноста во општеството врз јазична/етничка основа. Опасноста произлегува, пред сè, од општите и нејасни рестриктивни и казнени одредби – прописи на новиот закон. Дополнително, вака поставената логика на законот за јазици, со процентуална фундираност и рестриктивни мерки, ќе придонесе кон дополнително зголемување на јазот кај веќе поделениот народ, што повторно ја отвора можноста за националистите, уште полесно, да се наметнат во „својата етничка групација“. И не само тоа. Казните кои се пропишани за примена на закон кој реално во на пример Пробиштип е реално не применлив и создава подделеност на наметнување на прописи и казни кои не им се потребни на граѓаните ниту пак им се приоритетни. Граѓаните темите кои им се приоритет не ги наметнуваат согласно агендата на нивните политички опции и понудата, туку напротив, тие се од реалноста. Не му користи албанскиот јазик на албанец од Македонија ако тој нема пари денес да обезбеди егзистенција на своето семејство, храна, намирници и да плати комуналии, лекови за не дај боже корона.

Замајувањето е дека со законот се примени целосна двојазичност. Имено двојазичност во Македонија постои уште од 2008 година, иако не се спроведуваше дословно, сепак онаму каде општините имаа потреба од тоа, истото се правеше за граѓаните да не лутаат, да знаат што потпишуваат, да знаат . На граѓаните сега, од политички причини, им се создава страв од нешто што на некој начин функционираше веќе 12 години. Условувањето со скриена агенда на запослување на рамковните вработени во близина на места и општини каде не живеат и отворената можност дека институциите ќе бидат казнети поради тоа.

Пишува: Питер Симеонов

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This