И ВАНКОВСКА СО РЕАКЦИЈА ДО КАМБОВСКИ: Што правеше професорот во 2004 кога Владата организираше бојкот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Професорката Билјана Ванковска реагираше на интервјуто на професорот Владо Камбовски во кое тој истакна дека организирањето на бојкот на референдумот е незаконско. Таа прашува што правеше професорот Камбовски во 2004 кога Владата организираше бојкот, пропагираше и застрашуваше.

Ванковска напоменува дека бојкотот е законски гарантирано право и професорот го крши со тоа што се заканува.

-А професоров што правеше во 2004 година кога Владата организираше бојкот, пропагираше и застрашуваше ? 😄 Да се разбереме, и ваквите пораки се облик на притисок и заплашување (ќе завршите во затвор ако повикувате на бојкот). Ние, всушност, и не треба да чини е ништо – само да си седиме дома. Бојкотот е законски гарантирано право и професоров го крши со тоа што се заканува.
п.с. Читам се намножиле „правни експерти“ кои велат дека било казниво организирање на бојкот, т.е. неспроведување/непочитување на одлука на државен орган. Прво, да ги потсетиме дека е ова (според власта), КОНСУЛТАТИВЕН (незадолжителен) референдум, а никој не смее да присулува некого да гласа. Тоа е право, а не должност. Второ, одлуката на Собранието е нелегална и граѓаните имаат политичка и морална обврска да непочитуваат нелегитимни и нелегални одлуки на режим. Трето, па нели Шарените повикуваа на граѓанска непослушност? Што стана со нив? И конечно, умирам од смеа замислувајќи како изгледа „организирање бојкот“, т.е. седење дома, правење ајвар, одење на прошетка, на пат, итн. Или, планираат да ги апсат сите што отворено заговараат бојкот/воздржаност во однос на референдумот? Ќе почнат од Милошоски и Стоиљковиќ, или од нас, вели таа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This