И вakцинираните во кapaнтин- ако Македонија не биде симната од „цpнaта Koвид листа“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Комплетна вакцинација не е доволен услов за македонските граѓани без проблем да влезат во земјите од ЕУ.

Доказ за ова е случајот со тричлено семејство, Македонци кои живеат и работат во Малта. За нив, иако поседуваат малтешки документи, не било доволно вакцинирањето со две дози Фајзер извршено во Србија. И покрај потврдата, дека се вакцинирале, при враќањето во Малта морале да помина 14 дена во карантин. За нивниот случај, јавно алармираше нивниот пријател Игор Филевски, кој живее во Малта, пренесува Сител.

Филевски предупредува дека македонските граѓани не треба да се потпираат само на потврдата за вакцинација, туку детално да се информираат под кои услови може да се влезе во Малта и во останатите земји членки на ЕУ.

За влез во членки на ЕУ важат различни правила. Во Грција и Бугарија може да се влезе со негативен ПЦР тест не постар од 72 часа или потврда за ревакцинација. Во Словенија, патниците ќе треба да поседуваат потврда за вакцинација или негативен ПЦР тест не постар од 48 часа или позитивен ПЦР тест од 2 до 6 месеци, како доказ дека лицето го прележало вирусот. Слично важи и за Хрватска.

Вечрва ЕУ објави под кои услови ќе може да патува со зелениот пасош. Засега брзите антигени и серолошки тестовите како доказ за антитела нема да бидат прифатени. Тие би можеле да се прифатат дури во подоцнежна фаза на испитување.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This