И ГЕРМАНИЈА ПРЕЧКА ЗА ВЛЕЗ НА МАКЕДОНИЈА ВО ЕУ: Османи и власта ќе настојувале сѐ до последен момент

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, очекува годинешниов Извештај на Европската комисија за напредок да биде најпозитивниот досега за Северна Македонија. Но неговото објавување на 29-ти мај го става под знак прашалник датумот во јуни за отпочнување на преговори за членство во Европска унија. Ова е резултат на тоа што германскиот Бундестаг меѓу 29 мај и 19 јуни, период кога ќе се одржи средбата на Советот на министрите, ќе одржи само една парламентарна седница. Без одлука на Бундестагот, германската Влада не може да добие мандат – на земја-кандидат да ѝ се даде „зелено светло“ за старт на преговорите. Ова, предизвика зaгpижeнocт кај германскиот Парламент – дали ќе можат за толку кратко време да го разгледаат Извештајот и да донесат одлука за Македонија. Затоа, Германија како опција го гледа јули и септември, пренесува ТВ 21.

-Сега дилемата е кај седниците на германскиот Парламент за носење одлука. Меѓутоа сето ова не го поместува почетокот на преговорите, односно заедничката Конференција на државната делегација и земјите-членки на ЕУ која треба да се одржи во декември. Мислам дека од политички аспект нема да биде добра порака доколку се одложи првата средба на Конференцијата бидејќи е фиксна, меѓутоа и месецот јуни за нас е дел од симболиката на наративот и ќе инсистираме до последен момент – техничките моменти да не ја поместат оваа одлука.-изјави Османи.

Франција и Холандија се земји кои со своите двоумења би можеле да влијаат врз одложувањето на меѓувладината конференција по декември. Досега Владата на Македонија нема најава за вакво нешто, но доколку сепак се одложи, Османи вели дека тоа би било политичка одлука за одложување на процесот на носење одлука.

-Доколку оваа Конференција остане фиксна, тогаш сме на предвидениот пат или нашиот оптимистички календар. Засега имаме сомнежи во две земји – членки, пред сѐ во Франција. Не кон нас или земјите од Балканот, туку општото двоумење или дилемата што ја покрена Претседателот Макрон – дека Европа пред да се прошири, треба да се продлабочи, што значи дека Претседателот Макрон се плаши оти зголемувањето на бројот на земјите-членки го загрозува процесот на носење на одлуки во ЕУ-вели Османи.

Османи рече дека на Самитот во Берлин што ќе се одржи на 29-ти април, заедно со премиерот Заев ќе има можност да се сретне со германската канцеларка Ангела Меркел, за да ѝ укажат колку големо значење има јунската одлука за Македонија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This