И ДА ГО СМЕНИМЕ ИМЕТО, ЏАБЕ: Македонија во јуни нема да добие препорака без разлика дали Заев ќе се согласи да го смени името

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во гостувањето на емисијата “360 степени“ потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски рече дека треба да и е јасно на македонската јавност дека дури и да се реши спорот со името нема гаранција дека ќе почнат преговори. Ваквата ситуација е комплетно различна од тоа од пред неколку години.

– Дека нема да ги почнеме во Јуни, односно во Јуни дека нема да добиеме датум за почеток на преговори тоа им е јасно на сите. Дури и да објават следна недела дека имаат финален договор Заев и Ципрас ние во јуни нема да добиеме датум за почеток на преговори. Што е пораз на овој процес.“Во Јуни ќе се одложи одлуката за декември. Значи ние со решен спор за името, со потпишано, со очигледно договор да се промени Уставот затоа што се оди натака нема да добиеме ни формална одлука кога би бил датумот. А датумот не е утредента да знае јавноста. На пример во Јуни може да се донесе одлука дека преговорите ќе почнат следниот Јуни. Во јуни нема да има ни таква одлука туку ќе се одложи целото одлучување за декември“ рече Николоски

Николоски посочува дека оваа Влада е Влада на едно прашање и тоа се гледа од формирањето па се до денес дека премиерот не работи ништо друго освен што создава позитивна атмосфера и разговара со Грците. Тој посочи дека оние работи кои ги критикувале во минатото кога беа во опозиција сега тие ги практикуваат. Како пример го посочи судството кое сега во овој момент им одговара. Ист е случајот со медиумите каде до изборите имаше критики за одредени медиум, а сега истите тие медиуми не променија никаква уредувачка политикa а сепак водат про-владина политика.Според Николоски Македонија со реални реформи требаше да издвои од другите земји, но реално Македонија не успеала да се извои и сега одлуката за почеток или не почеток на преговори зависи од други држави, од реформи во други држави и од политичката ситуација во земјите членки.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This