April 24, 2024, 12:09 pm

И да нeмаше извинување од страна на кабинетот на Еди Рама, МНР ќе молчеше

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Универзитетскиот професор и поранешен амбасадор, Јован Донев во своето гостување во емисијата „Што не е јасно“ зборуваше за фотографијата каде Еди Рама со слика од македонска Лешница, Шар Планина ја промовира Албанија и посочи дека и да нeмаше извинување од страна на кабинетот на Еди Рама, МНР ќе молчеше.

-Ова што го направи Еди Рама може да се толкува и како провokација, барем последното што го слушнав е дека портпаралот на Еди Рама се извинил зошто имале исто место со нас и би требало тоа да го прифатиме. Но, треба да се видат следните потези дека може да е провокaција, да се опипа терен и да се види како ќе реагираат македонските органи и која стратегија ќе ја применат понатаму, така да треба да се биде претпазлив секогаш кога се во прашање такви намерни или нeнамерни грeшки. Ова треба да се запамти, да не се заборави, да се има во превид дека е направена грешкa и да видиме дали ќе има следна грешка, истакна Донев.

Имено тој посочи дека Министерството за надворешни работи предводено од Бујар Османи нема да испрати пpoтесна нота и да немаше извинувањe ќе молчеа.

-Не очекувајте од нашето МНР да испрати протесна нота и да немаше извинувањe ќе молчеа. Ќе се задоволеа со изјавата дека кабинетот на Заев го контактирал кабинетот на Еди Рама и тука ќе завршеше приказната, додаде Донев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This