И ДЕНЕСКА СЕ РАЗБУДИВМЕ ВО ЈАНУАРИ: Месецот никако да помине

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

И додје 31-ви- јануари, но месецот никако да помине. И денеска повторно се разбудивме во јануари. Имате ли чувство дека овој месец како да трае цела година? Да, речиси секој втор човек го помислува истото, само нека помине јануари, најдолгиот месец во годината.

Но не, не, не, овој месец е ист како и сите останати, 30 или 31 ден ништо важно, но зошто јануари ви се чини долг. Епа вака: најпрво поради многуте празници кои паѓаат баш во овој месец.

Да го истуркаме денешниот ден и да кажеме, чао јануари, убав си ама предолг.
Добро во ред, ја прославивме Нова Година, тука одредени луѓе(чест на исклучоци) плаќаат кафеани, елитни ресторани за да ја прослават лудата ноќ, а чинат колку една “свадба”. Потоа слушам се жалат нема пари, но кој ве тераше да давате толку пари само за една ноќ. Потоа доаѓаат Бадник и Божиќ.

Е што се случува тука, истата ситуација, секоја домаќинка сака што повеќе да подели на коледарите, костенчиња кои чинат 180 денари, мандарини 100 денари, ореви 150 денари, урми 40 денари, ситни бомбончиња кои во глобала се ефтини, но сето тоа на куп, ете ти голем трошок. Утредента на врата е Божиќ, втор по големина христијански празник, а трпезата за овој ден треба да е богата, туак се и сметките кои стигаат без да прашаат дали имаш или немаш, а ние веќе истрошени. Тоа значи дека едно семејство со две плати, не може да си дозволи толку долг јануари. Затоа многупати ќе чуете Јануари имаш ли милост?

– Според некои верувања овој месец важи и за најдепресивниот месец а 24-ти јануари е ден кој е прогласен за најдепресивниот во годината.

Сам по себе месецот и не е така лош но често пати поради облачното време, дождови, снегови, тмурни облаци седиме затворени во четири ѕида и чекаме да мине, наместо да излеземе и да уживаме во малите нешта. Да, па зошто да не излеземе за момент на дождот и да почувствуваме како ладните капки ни ги бришат сите грижи, да престанеме да чекаме и да започнеме да правиме нешто ново, секој ден е нов предизвик и создаден за нови нешта, испробајте се во нешто во кое сте мислеле дека не ве бидува.

Јануари велат е критичен и за браковите. Според едно британско истражување, овој месец луѓето 14 часа се дома а тоа е доволно за расправии, кои според научниците достигнуваат и бројка до 20. Замислете што се 20 караници дневно. Кој би можел да живее во таков пекол.

Според одредена група на психолози недостатокот на сонце влијае врз луѓето, па така се зголемува депресијата а со тоа и бројот на кавги.

– Овој јануари не можеше да почне полошо. Загубивме две ѕвезди една светска една македонска двете од светот на кошарката.

Пред само пет дена трагично загина кошаркарската легенда Коби Брајант, во хеликоптерска несреќа заедно со уште осум други лица. Пред два дена животот во трагична сообраќајка го загуби македонската кошаркарска легенда Благоја Георгиевски- Буштур кој најголем дел од својата играчка кариера ја помина во Работнички, клуб со кој се натпреваруваше во Првата југословенска кошаркарска лија.

Бог ги прима добрите души кај него, но нека застане тука. Доволно беа загуби за само еден месец и тоа првиот од годината која сакаме да биде подобра од минатата, за која веруваме дека носи нови убави моменти за сеќавање.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This