И ДЕФИНИТВНО НЕМА ПОПИС: Изборите не спacиja од уште еден фалcифиkaт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Закажаните избори дефинитивно го одложуваат пописот планиран за април идната година. Со прегазени рокови и неизвесна собраниската расправа за законот за попис, премиерот и директорот на статистика допрва ќе утврдуваат нов датум за пребројување на населението. Власта не исклучува можност попишувањето да биде спроведено наесен следната година, но работите не се така едноставни.

Без изгласан закон не може да биде спроведен попис. Кратки се роковите за организација но и ангажман на лицата кои би го спроведувале пописот. Статистика веќе предупреди – ако законот не биде донесен набрзо, ќе бидат погазени и законските рокови од една година за распишување на тендерите за јавни набавки кои се неопходни за спроведување на пописот идната година.

Опозицијата веќе обвини дека стокмениот закон за попис е политички пазар меѓу двоецот СДСМ и ДУИ. Од Власта пак се бранат дека опозицијата имало доволно време за интервенција на законското решение. Една од главните забелешки на опозицијата е попишувањето на дијаспората, а за тоа Статистика ќе овозможи посебни поволности па тие освен што ќе можат електронски да се попишат, за нив информации ќе споделуваат и блиски роднини.

За оваа статистичка операција според нацрт-законот предвидено е да бидат потрошени најмалку 522 милиони денари. Но сепак нема наведено какви финансиски импликации ќе донесе пребројувањето на податоците, кое треба да следи во 2021-та. Дотогаш Македонија останува единствената земја во европа која располага со 18 години стари податоци за состојбата и структурата на населението.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This