И ЕВРОПА СЕ ПРИКЛУЧУВА ПРОТИВ ДОЛАРОТ: Збогум на доларите, ЕУ ќе ја плаќа иранска нафта во евра

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

ЕУ има намера од американскиот долар да се префрли на евра при купување нафта од Иран, изјави за Спутник дипломатски извор од Брисел.

“Има информации дека ЕУ има намера да ја плаќа иранската нафта со евра неместо со долари”, рече изворот.

“Европската тројка” – Франција, Германија и Велика Британија – и Иран се согласија да се направи програма за зајакнување на економските врски како реакција на напуштањето на нуклеарниот договор од страна САД, изјави шефот на европската дипломатија Федерика Могерини.

Пред се, се работи за трговијата со нафта, гас и нафтените продукти, ефикасни банкарски трансакции, продолжување на договорот со Иран во сферата на авијацискиот, морскиот и копнениот транспорт и одобрување на извозни кредити.

Практични решенија ќе бидат развиени во наредните недели. Посетата на Иран од страна на европскиот комесар за енергија и клима Мигел Аријас Кањета е закажана за 19 и 20 мај.

Според Европската комисија, целта на средбата е да”се зборува за соработка меѓу Иран и ЕУ во областа на енергетиката”, и потврда на посветеноста на ЕУ на почитување на договорот за прекин на нуклеарната програма на Иран.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This