April 25, 2024, 12:58 pm

И ЗАЕВ И РУСКОВСКА BMEШАНИ ВО PEKET?: Како обвинитeлoт Пановски можел да го „отчука“ Заев за „Peкет“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Откако „Ла Верита“ објави дека тој раскажал за улогата на премиерот Заев во случајот рекет анализираме кои се можните начини преку кои обвинителот Наум Пановски можел да се обиде да се спаси за неговата улога во случајот „Рекет“.

Според италијанскиот медиум Пановски е одговорен за ослободените 720 илјади евра кои Силјан Мицевски ги префрлил на член на тимот на Боки 13 а кои предходно биле блокирани од Управата за финансиско разузнавање.

„Ла Верита“ тврди дека обвинителот Наум Пановски, кој е еден од најблиските соработници на Вилма Русковска, дал исказ во кој рекол дека налогот за одмрзнување на огромниот стотици илјади вреден хонорар за идеја, кој го исплатил битолскиот бизнисмен Мицевски, е даден од премиерот Заев.

Според упатени во правосудниот систем, Пановски ова можел да го стори со еден повод, но на повеќе формални начини.

Поводот е јасен, обвинителот е свесен дека ослободување на пари кои се дел од криминал, ако се докаже вина еден ден кога ќе нема кој да го штити, може да му ја заврши обвинителската кариера и дури и да го однесе в затвор.

Можните форми преку кои можел да се обиде да се стави настрана од криминалот се:

1. Да е дел од официјалната истрага во случајот „Рекет“ и исказот да го дал како сведок/обвинет во пред/истрагата која ја водела неговата шефица Вилма Русковска

2. Да напишал или дал исказ кој го доставил до државниот јавен обвинител Љубомир Јовески, во кој информирал за поведението на непосредната шефица Русковска, со цел да направи алиби за себе за подоцнежните правни постапки за случајот „Рекет“.

3. Да напише службена писмена белешка која што ја доставил до МВР или било кој друг обвинител а која што ја доставил и до архивата на јавното обвинителство.

4. Пановски да е заштитен сведок во случајот „Рекет“

Доколку информациите на Ла Верита се потврдат и се докаже дека премиерот Заев интервенирал директно во Рекет и наведувал или присилувал обвинител да преземе незаконски правни чекори тој но и инволвираните обвинители можат да се соочат со долгодишни затворски казни.

Доколку се утврди дека во оваа ситуација некој обвинител знаел за незаконското влијание и не интервенирал соодветно тогаш неизбежна е и одговорност за нив.

Откако стана јасно дека Катица Јанева е дел од криминалната шема премиерот Заев немаше дилема дека Вилма Русковска преку која сега според Ла Верита Заев влијаел на истрагата за Рекет, е најдобриот кандидат за замена на Јанева.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This