И затворениците бараат амнестија – ќе штрајкуваат со глад!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владата ќе биде под силен притисок да го прошири обемот на лицата и делата опфатени со процесот на амнестија. Амнестија бараат и затворениците, а на Владата и дале два дена рок за одговор.

Осуденици во КПУ„Идризово“ се закниле дека од денеска ќе почнат дводневен шт рајк со глад бидејќи власта останала глува на нивното неодамнешно барање за амнестија. Во знак на про тест, вчера до директорот на затворот доставиле писмо со кое го известиле дека почнуваат со штрајк.

Директорот на затворот, Боби Мојсоски, ја потврдува информацијата.

„Станува збор за барање за амнестија, кое во вид на петиција дел од осудениците ја испратија пред две недели до Владата, Министерството за правда и претседателот на Собранието. За денеска најавија штрајк со глад, но како ќе се одвиваат настаните ќе видиме. На вчерашната петиција се потпишани околу 320 затвореници“, вели Мојсоски.

Осудениците бараат Закон за општа амнестија за сите дела кои ги дозволува Уставот, а на осудениците на дожив отен затвор казните да им бидат преиначени во затворски казни на одреден број на години. Ако за два дена не добијат одговор од Владата и работното тело за помирување, најавиле дека ќе продолжат со штрајкот, а нивните семејства ќе протестираат пред Владата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This