И Иванов им ја испеа песната среде МАНУ: Се врши невидена пресија врз македонскиот идентитет

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Покрај екс претседателот Бранко Црвенковски денеска на научната средба во МАНУ моќен настап имаше и екс претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов кој посочи дека власта се пазари со постоењето на македонскиот народ.

„Посочив и предупредив дека актуелната власт се пазари со оние што претендираат да го држат клучот на нашето минато и кои го оспоруваат нашето историско право на постоење и самоопределување“, вели тој.

Според него никој нема право и слобода се ги превртува фактите.

„Никој нема право и слобода и не е повикан да испревртува факти, да ја преиначува вистината. Не е само несоодветно туку е срамно и жално, и за Македонија и за Македонците.

Со Договорот со Бугарија, власта во Македонија сака да реши едно прашање кое ќе ја задоволи само бугарската страна. Она што Македонија го добива за возврат е самопонижување преку одродување од сопствената историја без која немаме компас за иднината.

Предупредив дека ќе посегнат по македонскиот јазик, наместо заштитен, македонскиот јазик е изложен на нападите од оспорувачите кои, обидувајќи се да го избришат или преименуваат, вршат пресија врз македонскиот идентитет“, рече Иванов.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This