И КАТИЦА ПРОПЕА: Се менувал член во законот за Заев да добие ослободителна пресуда за „Поткуп“, обвинителката во целост се согласува завршните зборови на 13-ка

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Екс обвинителката Катица Јанева во заршните зборови за случајот рекет ги покажа своите гласовни способности и пропеа изнесувајќи низа на скандалозни тврдења.

Јанева во своето излагање посочи дека власта на СДСМ има воспоставена целосна контрола врз правосудството, па се одело дури до таму за Зоран Заев да добие ослободителна пресуда за случајот „Поткуп“ да се менуваат закони.

Во своето излагање таа како и Бојан Јовановски посочија дека се работело на план за уништување на СЈО бидејќи институцијата му пречела на Зоран Заев во политичкиот пазар и договори.

Јовановски вчера посочи дека екс директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков под своја контрола имал пратеници кои на Заев му биле потребни за изгласување на уставните измени и промена на името. Заев му посочил на Јовановски дека со случајот „Империја“, Јанева му направила проблеми во односите со Мијалков и токму поради ваквите случувања Зоран Заев сакал да му пресуди на СЈО.

Денес Катица Јанева посочи дека во целост се согласува со завршните зборови на Бојан Јовановски.

Јовановски вчера пред судот презентираше фотографии направени во текот на вчерашниот ден на кои се гледа Зоран Милевски – Кичеец како слободно се шета, иако е префрлен во домашен притвор.На фотографиите може да се забележи Кичеец во друштво со еден директор, и неговата, како што вели Јовановски „паравојска“. Според Боки 13, Кичеец е пуштен во домашен притвор со агенда. Политичка агенда како што вели Јовановски.

Првообвинетиот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски рече дека намерно не се вештачи неговиот мобилен телефон поради тоа што може да се докаже дека имал комуникација со лидерот на СДСМ.

– Мојот телефон не се вештачи затоа што имам комуникација со Зоран Заев и Сашо Мијалков. Јас сум бил сведок дека они им ветуваа ослободување и олеснување на мерките за да повикаат на референдум и за уставните измени. Ова може лесно да се провери дека на 10 ноември 2019 јас се сретнав со Заев, а тој ми рече дека Катица направила голема грешка со предметот „Империја“ -тврди Јовановски.Она што сите се прашуваме во случајов е каде се парите, каде е тој 1,5 милион евра што наводно ги дал Камчев, додаде Јовановски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This