И КЛАСНАТА НАЈАВИ ПРИСУСТВО: Мирка Велиновска, Миленко, Тони Михајловски, Пандов, Чилиманов – утре масовно пред Собрание!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сите се подготвуваат за утрешниот протест. Низа јавни личности најавија учество во 12 часот пред Собранието, а меѓу граѓаните ќе биде и редакцијата на „Инфомакс“

Присуство најавија и Мирка Велиновска, Миленко Неделковски, Цветин Чилиманов, Тони Михајловски, Александар Пандов, Тања Каракамишева, Сашо Климовски, Гордана Сиљановска, Биљана Ванковска, Наталија Ивчева.

Претходно професорката Каракамишева на ФБ објави и проглас за утрешниот протест.

ИМАМЕ ЛИ МАКЕДОНЦИ РЕЗЕРВНА ТАТКОВИНА?

Имаме ли Македонци друга земја-мајка?

Имаме ли Македонци друго име освен Македонија?

Имаме ли друга историја освен нашата, Македонската?

Имаме ли друга љубов освен Македонија?

Имаме ли друго огниште, друго дома освен Македонија?

Сите што одговоривте “НЕ, НЕМАМЕ” ве чекам утре пред Собрание на Република Македонија во 12 часот да им кажеме здушно и громогласно “ЕДНО ИМЕ ИМАМЕ ВО ДУШАТА ГО НОСИМЕ”.

СЕ ГЛЕДАМЕ ТОЧНО НА ПЛАДНЕ! – напиша Каракамишева.

 

Повика и Миленко Неделковски:

Како и за ланскиот 27-ми февруари, така и утре во 12.00 ќе застанеме со својот народ напатен.
Мирка, јас, Пандов…
Се гледаме утре пред Собрание.

Аналитичарот Александар Пандов, пак утрешниот ден го прогласи за „Денот Д“ и повика на „Слобода или cмpт“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This