April 26, 2024, 11:26 pm

И КОАЛИЦИОНИОТ ПАРТНЕР НА МЕРКЕЛ ВО ОСТАВКА: Зехофер, главниот коалиционен партнер на Ангела Меркел, ќе го следи нејзиниот чекор и оваа недела ќе се повлече од функцијата претседател на баварската партија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Зехофер, главниот коалиционен партнер на Ангела Меркел, ќе го следи нејзиниот чекор и оваа недела ќе се повлече од претседател на баварската партија христијанско-социјална унија, ЦСУ. ЦСУ моментално има 46, а ЦДУ има 200 пратеници во германскиот сојузен парламент, а со тоа овие сестрински партии се клучниот фактор од широката коалициона влада која ја формираат заедно со социјал-демократите.


Во оваа влада Зехофер ја има една од најбитните функции, министер за внатрешни работи. Но, последните избори во сојузните покраини Хесен и во Баварија, покажаа дека гласачите се презаситени од долгогодишното лидерство на водечките партии. Во Хесен и ЦДУ и социјал-демократите изгубија по околу 13-15% од гласачкото тело, додека на нивна сметка порасна бројот на гласачите на Зелените и на популистичката АФД (Алтернатива за Германија), кои сега се на второ и трето место по популарност во целата земја. На изборите во Баварија, после 35 години, ЦСУ го изгуби апсолутното мнозинство во парламентот и не може сама да ја формира владата во Минхен.

Тоа се и главните причини за повлекувањето на Меркел од водечката позиција во ЦДУ, а сега во најава е и повлекувањето на Зехофер од ЦСУ. Економијата во Германија е многу добра, невработеноста е ниска на 3,4%, но големо незадоволство владее од политиката на Меркел кон мигрантите и бегалците од Сирија, Северна Африка, Афганистан и други земји.

Добар дел од гласачите и префрлаат на Меркел дека нејзината политика на отворени врати кон мигрантите е на штета на буџетот, но и на етно-верската кохезија на државата. На таа тема многу гласачи привлече партијата АФД, додека на темата животна средина главниот добитник е партијата на Зелените.

Со изборот на нови претседатели на чело на ЦДУ и ЦСУ овие партии се надеваат дека повторно ќе повратат дел од довербата на гласачите, особено пред следните избори за Евро-парламентот во Април 2019-та година.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This