April 23, 2024, 11:37 am

И МЕРКЕЛ СЕ ЗАЛАГА ЗА СОЗДАВАЊЕ ЕВРОПСКА АРМИЈА: По Макрон и германската канцеларка со поддршка за ваквиот проект

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Германската канцеларка, Ангела Меркел, во говор пред Европскиот парламент даде поддршка за создавање европска армија, тема која е извор на политички тензии со САД.

– Она што треба навистина да го направиме е да работиме на визија за создавање вистинска европска армија еден ден, изјави Меркел на пленарната седница на ЕП предизвикувајќи овации, но и извици на негодување.

Прашањето за создавање европска војска предизвика тензии помеѓу францускиот претседател Емануел Макрон и американскиот претседател Доналд Трамп.

Трамп изрази незадоволство со оваа идеја нарекувајќи ја „навредлива“, бидејќи Вашингтон смета дека земјите од Европската Унија треба да се посветат на зголемување на своите придонеси за НАТО. Слична критика пристигна и од генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во понеделникот од Берлин.

– Повеќе европски напори за одбрана е одлично, но не смее тоа да ја поткопа силата на трансатлантската врска, изјави Столтенберг.

Германската канцеларка во својот говор додаде дека создавањето европска армија не е во спротивност со соработката со НАТО.

– Не велам ништо против НАТО, ние можеме да бидеме добар додаток за НАТО, можеме да соработуваме со НАТО со европска армија, изјави Меркел.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This