И НА ДАЧИЌ МУ ДОЈДЕ ПРЕКУ ГЛАВА: Српскиот министер за надворешни им порача на дипломатите да не се мешаат и да не делат лекции!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Странските дипломати во Белград не треба да ~ делат лекции на Србија и да се мешаат во нејзината политиката, порача вчера српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ.

 

Ова е најнова во серијата изјави што српските државни раководители последниве месеци ги даваат, а во кои реагираат за однесувањето на дипломатските претставници во оваа земја.

Министерот Дачиќ бил провоциран од изјавата на амбасадорот на Украина во Србија, Олександер Александрович, кој неодамна оцени дека со гласањето против резолуцијата за Kрим во Обединетите нации „Србија си испукала куршум во ногата“. Познато е дека на 20 декември Генералното собрание на ОН усвои резолуција со која се осуди кршењето на човековите права на полуостровот Kрим. Во неа се наведува дека Kрим е „привремено окупиран од Русија“, а Србија гласаше против неа заедно со Русија, Ангола, Белорусија, Венецуела, Иран, Kазахстан, Kина, Kуба, Северна Kореја и Сирија.

– Постои англиски израз: „Да си пука сам во ногата“, а јас верувам дека Србија тоа го направи со гласањето. Во иднина ваквата одлука може да се врати како бумеранг во напорите на Србија да го задржи Kосово – предупреди неодамна украинскиот амбасадор Александрович.

На ова српскиот министер возврати со зборовите дека не е сигурен дека оние што гласале за предлогот на резолуцијата за Kрим исто така би гласале и да станува збор за Kосово.

– Ќе ја симнам капата пред сите оние што гласале против Русија, а за Kрим, доколку напишат нешто такво за Kосово кога станува збор за територијалниот интегритет на Србија. Србија не гласаше за резолуцијата за состојбата со човековите права на Kрим поради исклучително остро интонираниот текст и со кој на најбезобѕирен начин се напаѓа Русија – потенцира Дачиќ додавајќи дека Србија го почитува територијалниот интегритет на Украина.

Инаку, српскиот министер изјави дека не е задоволен со политичката клима во регионот, но се надева дека таа ќе се подобри.

Ваквиот истап на српскиот министер само се надоврзува на повеќе јавни предупредувања како на српскиот премиер Александар Вучиќ така и на останатите министри во неговата влада. Неодамна, поврзано за откривањето висок српски полициски службеник кој доставувал информации до една западноевропска разузнавачка служба, Вучиќ изјави дека тоа е најбрутално влијание и мешање во работите на една земја.

– Ја прекинавме праксата во која било нормално одделни странски служби да добиваат акти пред да ги добијат домашни обвинители и правосудни органи – изјави Вучиќ.

Министерот за внатрешни работи, Небојша Стефановиќ, пак, во октомври жестоко реагира на изјавата на американскиот амбасадор Kајл Скот дека протестите на граѓаните во Белград се прашање за (не)довербата во владата.

– Не ги разбирам мотивите на амбасадорот Скот така брутално да се меша во внатрешните работи на нашата земја. Тие протести очигледно ги стимулира нешто друго, за што Скот знае повеќе од нас – потенцира Стефановиќ.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This