И Орбан денес го славеше 23. октомври

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Виктор Орбан, премиерот на Унгарија денес одржа говор на плоштадот Ержебет по повод одбележувањето два важни настани од унгарската историја – годишнината на револуцијата против комунистичката диктатура од 1956 година и бруталната полициска пресметка со демонстрантите на партијата „Фидеш“ во 2006 година за време на владата на Ференц Ѓурчани, дел од широката обединета опозиција и олицетворение на бруталниот режим кој владееше во земјата,

Зборувајќи за настаните од 2006 година, премиерот Виктор Орбан потсети дека пред 15 години на едната страна биле гранати со солзавец, а измамена и понижена нација од другата, алудирајќи на судирите меѓу поддржувачите на Фидес и полицијата во 2006 година за време на одбележувањето на револуцијата во 1956 година на самото место во Будимпешта каде што тој го одржа својот говор.

„Во тој момент, името Унгарец стана достојно за својата голема стара слава“, рече Орбан

Орбано истакна биле потребни години за да се расчисти хаосот што го остави левичарската влада, но Унгарија денес повторно е крената на нозе.

„Има моменти во животот на нациите кога сите одеднаш чувствуваат дека е доста; работите не можат да се одвиваат онака како што се одвиваа. Мораме да одлучиме, и таа одлука ќе покаже кои сме навистина. На цел народ ќе и се покаже колку вреди тој народ. Без разлика дали една нација ќе молчи или ќе излезе да протестира, дали ќе се помири со ситуацијата или ќе се крене против неа, дали ќе погледне на едната страна или ќе стои исправено, или дали ќе се повлече или ќе ја преземе борбата. Ние Унгарците донесовме вистинска одлука: протестиравме; ние застанавме исправено и се кренавме и се боревме. Тоа значеше заземање став за слобода против заробеништво, независност против окупација и унгарски патриоти кои стојат против комунистите“, рече Орбан.

И Македонија денес одбележува значаен историски ден, 23 октомври, Ден на македонската револуционерна борба, првиот ден од патот на Македонците кон автономија на Македонија и конечна слобода.

На 23 октомври 1893 година во куќата на Иван Хаџи Николов во Солун, Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Антон Димитров и Христо Ботанџиев беше формиран Македонскиот револуционерен комитет од кој подоцна произлезе Внатрешно македонската револуционерна организација (ВМРО) или Внатрешно македонско-одринска револуционерна организација (ВМОРО). Организацијата се бореше за ослободување на Македонија со сопствени сили, без помош однадвор. Со тоа почна организираното македонско револуционерно движење кое преку Илинден 1903, Крушевската Република и преку НОВ, резултира со создавање самостојна македонска држава.

Основачите почнуваат да ги шират овие револуционерни идеи меѓу прогресивната младина во Солунската егзархиска машка гимнзија. Набргу учениците во гимназијата создаваат кружоци, конспиративни групи и др. По завршувањето одат по своите родни места и таму почнуваат да агитираат. Младите студенти и нивните професори стануваат стожерот, односно движечката сила на македонската револуција. Емисарите на ТМОРО вршат обиколки по селата во Македонија и Одринска Тракија и формираат месни комитети. Откако на овој начин се формира структурата на организацијата, се започнува со процесот на создавање на вооружени чети и почнуваат набавки на оружје по илегални канали од Бугарија и Грција.

ВМРО е организацијата која во историјата ѝ ги даде најдобрите синови и ќерки на нашата земја. Чувар на огнот за Македонија и челична пркос која во историјата поместуваше планини, и донесе слобода. 23 Октомври е инсипирација, но и потсетник колку е скапа слободата која е издвојувана, но и колку треба да ја чуваме Македонија.

Денес, Македонија повторно е исправена пред предизвик, пред моќни непријатели, кои под превезот на лажно пријателство се обидуваат да и го одземат она што е стекнато во вековна борба на нашите предци кои го дале животот за да можеме се денес да се нарекуваме Македонци и да зборуваме македонски.

Денес Македонија се соочува и со домашните непријатели, кои со лагите и лажниот патриотизам остваруваат лични интереси преку распродажба на сѐ што е македонско, на сѐ што е стекнато со крв и жртви на нашите дедовци и прадедовци.

Да не дозволиме да бидеме прегазени од странските непријатели, но и домашните предавници, да излеземе и да кажеме дека ни е доста од лагите, од манипулациите, од понижувањата.

Едногласно да кажеме дека сме Македонци со славна историја кои никогаш нема да престанат да се борат за својата иднина.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This