April 20, 2024, 10:06 am

И официјално: БиХ гласаше пpoтив признавање на Косово

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Српскиот член на Претседателството на Босна и Херцеговина, Милорад Додик изјави дека Претседателството на БиХ денеска одлучило да не ја признае независноста на Косово.

Тој на новинарите во Сараево им рекол дека гласал пpoтив признавање на Косово, дека бошњачкиот член на Претседателството Шефик Џаферовиќ бил воздржан, додека хрватскиот член Жељко Комшиќ воопшто не гласал.

„Формално-правно БиХ денеска донесе официјална одлука за нeпризнавање на Косово и тоа е многу значајно“, рече Додик.

Претседателството на БиХ на 17 септември првпат гласаше за ставот на БиХ околу статусот на Косово и тогаш за признавање на независноста гласаа Комшиќ и Џаферовиќ, додека Додик беше прoтив.

Додик тогаш изјави дека тој, ако резултатот од гласањето повторно е два спрема еден, ќе стави вето на одлуката и ќе бара изјаснување за признавањето на Косово во Народното Собрание на Република Српска.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This