И ОФИЦИЈАЛНО: Тереза Меј денеска поднесува оcтавка од премиерската функција и лидерската функција во Конзервативната партија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Британската премиерка Тереза Меј денеска официјално ќе поднесе оcтавка од лидерската позиција во Конзервативната партија и од премиерската функција.

Меј (62) беше именувана за премиерка на Велика Британија во јули 2016 година, веднаш по референдумот на кој Британците со 52 отсто од гласовите се изјаснија за напуштање на Европска Унија.

Британскиот Парламент трипати го отфрли Договорот за Брегзит, за кој Меј со месеци преговараше со Брисел. Таа беше пpинудена да го пролонгира Брегзит неколку пати, а последниот утврден рок за излегување на Велика Британија од ЕУ е 31 октомври.

Меј оcтавката ја најави на 24 мај по низата обиди да ги убеди пратениците да го прифатат договорот за Брегзит. Таа на лидерската позиција на Конзервативната партија ќе остане се до именување на нов партиски лидер, што е предвидено до крајот на јули.

Меѓу 11 кандидати за премиерското место, за сега фаворит е Борис Џонсон, пратеник од Конзервативната партија, кој беше градоначалник на Лондон и шеф на дипломатијата. Тој беше еден од главните заговорник на Брегзит.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This