April 20, 2024, 10:13 am

И ПОКРАЈ СТРОГИТЕ МЕРКИ: Бројот на заразени надмина две илјади

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вкупниот број на заразени со корона вирусот во Македонија надмина две илјади, односно достигна вкупно 2014 од почетокот на епидемијата. Оваа бројка е забележана во точно три месеци откако на 26 февруари кај нас беше потврден првиот позитивен на Ковид-19.  Од нив починаа 116 луѓе.

Во меѓувреме е укината мерката за ограничување на движењето на сите граѓани па така, ноќва што помина беше последна со полициски час кој беше воведен на 22 март.

Од четврток и угостителските објекти ќе имаат дозвола да почнат со работа. За нив има прецизирани протоколи во зависност дали се затворени или имаат тераси.

Од 1 јуни 2020 ќе престанат да важат заклучоците на Владата со кои различни категории вработени лица се ослободени по различни основи од редовно и тековно извршување на тековните активности, како што се работа од дома, патување за работа во Скопје, организирање на работниот процес со ротации… Таа одлука ќе биде придружена со соодветен протокол за работа – за просторни услови, физичко растојание, носење лична заштита итн. Ова нема да важи за хронично болните, а отстапка засега ќе има и за родители на деца до 10 години или деца од предшколска возраст затоа што сè уште нема одлука за отворање на градинките.

Претстои одлука за отворање на државните граници и Комисијата за заразни болести е задолжена од Владата да направи прецизна  проценка за нивното отворање и да подготви протоколи за влез и излез од земјава. Тоа воедно ќе се однесува и на отворањето на аеродромите. Како што најавија од Владата, одлуката за границите ја прават во координација со земјите од регионот.

Владата на седница вчера усвои и прецизен протокол за постапување при влез во земјава на сите македонски државјани. Задолжителелниот државен карантин за наши државјани кои од странство се враќаат со хуманитарни летови или со конвои се заменува со домашна изолација доколку при влегување на територијата на нашата држава приложат негативен ПСР-тест на Ковид-19 направен во последните 72 часа пред да влезат во земјава. Сите лица кои се спроведени во објекти за државен карантин, исто така, отсега ќе може на свој трошок  да направат ПСР-тест во објектот каде што се сместени. Доколку резултатот е негативен, лицето ќе  биде упатено во домашна изолација.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This