И по десетчасовно убедување во Берлин, Нормандиската четворка без договор за за пpeкин на огнот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Учесниците на состанокот на политичките советници на „Нормандиската четворка“ пристапија кон усогласување на дополнителните мерки за прeкин на огнот во Донбас, но немаше конечен пробив, изјави за новинарите заменик-директорот за администрација на претседателот на Русија, Дмитриј Козак.

„Не можам да кажам дека има успех.“ Им рече Козак на новинарите на крајот од десетчасовната средба во Берлин.

Според него, детално било дискутирано за сите аспекти на решавање на kонфликтот. Во исто време, додаде тој, беше потрошено многу време за да се објасни позицијата на Украина.

Козак рече дека конечниот документ на состанокот не е усвоен, бидејќи деталите не може да се договорат.

„Се согласивме да ги усогласиме деталите по телефон“, рече тој.

Козак потврди дека Москва очекува Киев да донесе измени на Уставот со кои ќе се регулира статусот на Донбас.

„Но, не до 6 јули (како што пишуваше претходно Шпигел), туку во блиска иднина. „Денес не успеавме да добиеме јасен одговор од Украина кога ќе бидат подготвени измените на Уставот“, посочи тој.

Според Козак, на средбата се разговарало и за Нормандискиот самот на највисоко ниво, но за датумот за сега е многу, многу рано. Не се зборуваше за министерска средба, додаде тој.

Тој објасни дека Киев мора да подготви десетици закони и да ги усогласи со Донбас.

За потсетување, во „Нормдиската четворка“ учествуваат претставници на Германија, Франција, Русија и Украина. Целта на состаноците е да се реши kpизата во источна Украина.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This