И ПО КРИЗАТА-КРИЗА И НОВИ ИЗБОРИ ВО МАЈ: Мирка Велиновска предупредува на нови кризни сценарија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

ШТО ПЛАНИРА ВОЛШЕБНИКОТ ОД ОЗ ДО И ПО 11 ДЕКЕМВРИ?

Големиот панаѓурски маг, култниот и самопрогласен исцелител на загубени душички кои ги лови во магла како гуски со пајакова мрежа, нашиот Волшебник од Оз влезе во предизборието.

bejli_mirka

Избори со фиксирана дата 11 декември. Ставени се во функција т.н. бели шлемови или НВО-пропагандисти кои Ноам Чомски веќе ги опиша како морнаричка пешадија, иако вистинскиот израз би бил терористи со извршен фејслифтинг. Воспоставена е и тотална медиумска цензура. Заврши калемењето на сливите во извршната власт во прва и втора фаза.

Почнува операцијата осливување на средните подлидерски редови во судството, законодавните тела и органи и во партиите по моделчето „симпл симплтон“ или „прост глупандер“. Оти паралелната држава, новата подземна република, треба да зацврсне и сосема да ја потисне и елиминира легалната држава.

Уставот, народот во Македонија, во оваа операција се ставени вон закон, значи одат во илегала. Сега преостанува само уште под притисок на „извештајот на ЕK за напредокот на Македонија“, кој е веќе стокмен, а ќе се официјализира во ноември, дечкиве во законодавниот дом по партиска директива да го официјализираат и првиот специјален суд, кој непристрастно и праведно ќе ги верификува пресудите на СЈО.

Kако ќе течат програмираните активности?

Оз си има утврден распоред за работа, а ние само го пренесуваме до гласачите и политичарите за да можат без посредници самостојно да ги следат, проверуваат и промислуваат настаните и ситуациите што ќе следуваат.

Kомесарот за проширување ќе дојде да ги координира, односно да ги испегла до совршенство актуелните пржински епизодисти во Македонија и да обезбеди специјален суд за специјалното партиско-политичко обвинителство во кое „стафот“ е од успешно искалемени „трансџендер сливи“. Ако добиете впечаток дека ова веќе ви се случило, сте го виделе, односно сте го преживеале, со вас е с` во ред. Дали било во 20 век или во овој 21, исто е. Се работи за тоталитарна направија каде што нема разлика помеѓу обвинение и судска пресуда. Штом си специјално обвинет од специјален обвинител, специјалниот суд само го потврдува обвинението. Е, после ако го прегрмиш ова, почнува процесот на историска рехабилитација, извинувања, покајание и слава за паднат борец и невина жртва.

Шест точки
Но, дотогаш ќе мине извесно време. Сега следува следново:

1. Подготвување специјални обвиненија ексклузивно за функционери (партискиот врв) на ВМРО-ДПМНЕ.

2. Бејли и Хан ќе ги „замолат“ партиските тела одговорни за составување на изборните листи на нив да не ги ставаат оние фаци што ќе ги третира калемениот сливарник СЈО. Целта е да се спречи директно учество во политичкиот институционален живот на влијателни, кредибилни и способни личности. Целта е тие да останат без политички имунитет, со што би ја олесниле работата на демонтирањето на институциите и институционалниот систем. Kонкретно нема да има никој што ќе ја попречи работата на…

Пишува: Мирка Велиновска
Поопширно во печатеното или во електронското издание на Дневник

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This