March 28, 2024, 11:47 pm

И ПО ЦЕНА НА ПOCЛЕДИЦИТЕ: Велика Британија ја нaпyшта Европската унија на 31 октомври

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Велика Британија ќе ја нaпyшти Европската унија на 31 октомври, без оглед на се, изјави денеска портпарол на британскиот премиер Борис Џонсон.

Портпаролот исто така рече дека Велика Британија ќе продолжи да работи со колегите во Европската унија за договор за нaпyштање и дека владата се надева оти блокот ќе го промени својот став за таканаречената ирски „бекстоп“.

-Велика Британија ќе ја нaпyшти ЕУ на 31 октомври без оглед на последиците. Треба да ја вратиме довербата во нашата демократија и да ги исполниме ветувањата дадени пред граѓаните. Политичарите не можат да изберат чии гласови треба да се исполнат. Тие ветија дека ќе ги почитуваат резултатите од референдумот и ние треба да го сториме тоа, рече портпаролот.

Од друга страна, портпаролот на Европската комисија, Мина Андреева, рече дека ЕК е отворена за разговори со британскиот премиер со цел да се избегне тежок брегзит што може да предизвика голем економски пaд.

Сепак, според неа, веќе е постигнат договор меѓу Британија и ЕУ за Брегзит.

-Но, ние сме отворени да зборуваме за политичката декларација, рече Андреева

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This