March 29, 2024, 12:02 pm

И пoчинa синoт пpeд нejзинитe нoзe пa билe oгpaбeни: Oд 6oлницa oдбивaлe дa гo пpимaт зaтoa штo имaл Koвид-19

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вознемирувачката фотографија на која мајка седи со безживотното тело на нејзиниот 29-годишен син пред нејзините нозе стана вирална во Индија.

На фотографијата се гледа како исцрпената Чандракал Синг седи со скаменето лице во електрична рикша, додека нејзиниот син Винет Синг е пред нејзините нозе. Оваа шокантна сцена се случи на фреквентен пат во градот Варанаси во индиската држава Утар Прадеш.

Шокантната слика е само еден пример за маките на Индијците, заробени меѓу бесната пандемија и здравствениот систем на работ на колапс.

Во понеделникот наутро, мајката заминала со својот син во универзитетската болница Банарас Хинду (БХУ)  која се наоѓа на околу еден час возење од градот, изјави чичкото на младиот Јај Синг.

– Винет имаше проблеми со бубрезите и извесно време се консултираше со лекар во болницата БХУ. Тој закажа преглед за понеделник една недела претходно – рече Синг.

Меѓутоа, кога мајката и синот пристигнале во болницата им било кажано дека лекарот не е таму и да одат во центарот за трауми, кој прима итни случаи.

На момчето му се слошило, па се онесвестило пред влезот на болницата, но тие сепак одблиле да го примаат.

– Рекоа дека има корона и од таму треба да го тpгнам од таму. Мојот син се бореше за воздух. Се молевме за кислород и лекови, но ништо не добивме – рече мајката плачејќи.

Го ставила на рикша и го однела во приватна болница во близина, но и тие одбиле да го примат. На пат кон третата болница, Винет починал пред нозете на неговата мајка, во рикша.

Објавата на Твитер може да ја погледнете ТУКА.

И додека седеше во жалост, уништена од смртта на нејзиниот син и очајно барајќи помош, таа беше ограбена. Украдени се медицинските досиеја и телефонот на нејзиниот син.

Фотографијата од очајната мајка се прошири низ цела Индија.

Репортер кој ја раскажа приказната за Би-Би-Си изјави дека има десетици приватни болници околу местото каде што починал.

„Но, никој од нив не понуди помош“, рече тој.

Не е познато дали Винет починал од компликации предизвикани од вкоронаврусот, ниту пак се знае дали имал корона,затоа што семејството изјавило дека немал никакви симптоми.

– Да го примија во болница, да му дадоа кислород и да му пружеа лекување на бубрезите, животот ќе му беше спасен. Тој почина од небрежност. Овој вид небрежност може да предизвика уште многу смртни случаи – рече неговиот чичко.

Државата Утар Прадеш е една од најтешко погодените во вториот бран на коронавирусот што предизвика проблеми во Индија.

Има недостаток на медицински кислород,а објектите ги чува полицијата.

Извор: press24.mk

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This