И Рама си тера мајтап на справувањето на Македонија со ковид-19

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонија го подготви планот за вакцинација. Во земјава пристигнаа и два фрижидери со капацитет од 100 илјади вакцини кои треба да ги чуваат вакцините на Фајзер на минус 70.

Фрижидерите во моментов се празни бидејќи Владата се уште не успеала да обезбеди вакцини.
Не се знае колку дози ќе добие Македонија во февруари од првата пратка преку Ковакс системот, а 800 илјади дози за 400 илјади граѓани, колку што се обезбедени, е предвидено да пристигнат до крајот на  2021, изјави министерот за здравство Венко Филипче.

Освен преку системот Ковакс и Фајзер, министерот очекува вакцини и од системот “солидарност“. Додека ние чекаме, Албанија пред една недела започна со вакцинацијата. Албанскиот премиер Еди Рама во интервју со Топ канал се пофали велејќи дека Албанија е втора држава во регионот која започнала со имунизација додавајќи дека другите држави се уште не се до никаде со тоа.

„Албанија е втора земја во регионот која започна со вакцинацијата. И Македонија…..Како Македонија? Македонија започнува во февруари. Доби од Бугарија одредена количина вакцини.

Каде и се? Каде и се? Ги обезбедила. Каде и се? Ми велиш започна Македонија, за жал не започна, требаше да започне но не започна и не е вина на Македонија, ми велиш и дала Бугарија, и даде збор дека ќе и даде 100 единици, но се уште не и дала, ако и имаше дадено ќе ги употребеа“, рече Еди Рама – премиер на Албанија.

Во врска со оваа изјава, Филипче рече дека со Бугарија е во постојан контакт и дека нашиот источен сосед ќе издвои вакцини според можностите. Министерот рече дека системот е подготвен со соодветен план да ги распредели вакцините штом пристигнат и да ги детектираат критичните групи според приоритетите.

Инаку од Влада изјавија дека обезбедиле уште 5850 вакцини од Фајзер против корона вирусот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This