И СВЕТОТ МОЖЕ ДА ПОДЗАВИДИ: Каролина и Катерина блескаат со својата магична убавина!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кога уредништвото на македонските магазини размислува за лице на насловна страница, макар истото да се повторува и е веќе видено, изборот без резерва е ставен на нашите две убави Македонки – топ моделот Катарина Ивановска и пејачката Каролина Гочева.

За Катарина позирањето и работата на едиторијали речиси е секојдневие, а за Каролина веќе извесен период исто така е дел од работата, бидејќи брендовите, магазините, фотографите… ја сакаат токму убавата Керол.

Веќе искусна за позирање и промовирање на гардероба, накит, козметика, нашето македонско девојче може да се носи рамо до рамо и со проифесионалните модели како што е Катарина Ивановска.

Имено, на нивните профили на Инсатграм деновиве осамнаа фотографии каде и двете блескаат со својата магична убавина и креациите што ги носат.

Катарина во драматичен фустан во боја на винo, а пак Каролина со минималистичка комбинација, но во пoзa која одзeмa здив. Со ногата крената високо и заводливиот поглед, Каролина ја разбранува фантазијата и доби многу ласкави комплименти, а некои беа изненадени од еластичноста на пејачката.

Кога во пакет ќе ги погледнеме нашите Катарина и Каролина, дефинитивно можеме да бидме горди на ваквата природна македонска убавина на која и светот може да позавиди.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This