И СВЕТСКА БАНКА ПРЕДВИДУВА ЛОША ГОДИНА: Македонската економија тоне и според Светска Банка, наскоро банкрот!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Mакедонската економија е во слободен пад. Најновиот октомвриски извештај за Европа и Централна Азија на Светска банка. Проекцијата за БДП годинава е намалена од 2,8 % на само 1,5%

Главна причина за намалената проекција е политичката нестабилност во првата половина од годината.

Според Светска банка претставува и буџетскиот дефицит, кој ќе остане до 3% до крајот на оваа година.

Јавниот долг во следниот период се очекува да расте до 55 отсто од БДП.

Намалувањето или пренасочувањето на јавната потрошувачка предизвикано од политичката неизвесност на новата влада влијае на создавањето нови работни места, на намалување на сиромаштијата, тврди извештајот.

Главните фискални притисоци доаѓаат од високиот буџетски дефицит, зголемувањето на јавниот долг, не организиранста на јавното финансирање, нелогичноста во создавањето на акумулација на долгови и дефицитот на пензискиот систем.

Новиот извештај констатира дека за разлика од 2015та, македонската економија е на дното од економиите во регионот.

Пред нашата држава се Црна Гора со раст на БДП од 4,2%, потоа Косово 4,1%, Албанија 3,6%, БиХ 3%, Хрватска 2,9% и Србија 2,3% раст на бруто домашниот производ.

Македонската економија од стагнација во првиот квартал практично веќе е во рецесија со пад од 1,8%.

Ваквите разочарувачки прогнози на меѓународните финансиски интитуции, остануваат незабележани од Владата на Република Македонија.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This