И СРБИТЕ НИ ЈА ПРИСВОИЈА ИСТОРИЈАТА: За РТС Мијаците се старо српско племе што и денес живее во Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Радиотелевизија на Србија (РТС) за в сабота најавува нова епизода од емисијата „Квадратура на кругот“, во која се присвојуваат Мијаците од Македонија!

„Мијаците се старо српско племе што и денес живее во Македонија. Ги задржале обичаите на Немањиќи, а се верува дека го изградиле Хиландар. Денес меѓу нив само малцинство се изјаснуваат дека се од српска националност, мнозинството се Македонци, а оние што држат до тоа дека се Бугари пракрично и ги нема“, вели во најавата во денешната утринска програма, во која гостуваше авторот Бранко Станковиќ.

Покрај за организацијата според племенски принцип, за животот во заедници во големи куќи на неколку ката, за 120.000 овци во само четири мијачки села пред еден век, при што мнозинството домаќини имале најмалку 5.000, за извозот на кашкавал во Америка, каде што имале свое претставништво и за манастирот Св. Јован Бигорски како средиште на нивниот духовен живот, посебно место е посветено на Хиландар.

„Јас не ја отворив таа приказна, јас се држев до зборот на науката, на сериозни истражувачи, на Јован Цвииќ, на Тома Смиљаниќ, кои истражувале пред еден век, кога сè уште имале целосен допир со српските корени“, вели Станковиќ.

Наспроти српскава верзија за припадноста на Мијаците, македонската вели дека тие се дел од македонскиот народ, именувани според македонско словенско племе кое се населило во долнореканскиот регион на Македонија во 5 и 6 век. Покрај по сточарството, тие биле надалеку познати и како вешти дрворесци и иконографи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This