И ТАЛАТ СЕ ФАТИ ЗА МАНДАТОТ НА ГРУЕВСКИ: Џафери ќе испрати допис до Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања со кој ќе ја извести дека пратеникот Никола Груевски неопpaвдано бил отустен

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Собранието Талат Џафери ќе испрати допис до Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања со кој ќе ја извести дека пратеникот Никола Груевски неопpaвдано бил отустен од седниците на Парламентот повеќе од шест месеци, потврдија од собраниската прес-служба.

Според член 59 од собранискиот Деловик, за пратеникот кој неопpaвдано отсуствувал од седниците на Собранието повеќе од шест месеца, претседателот на Собранието ја известува Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања. Предлог за одземање на мандатот на пратеник во овој случај, поднесува Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, во рок од 15 дена од денот на добивањето на известувањето од претседателот на Собранието, а по нејзиниот предлог за одземање на мандатот на пратеникот, Собранието води претpeс на првата наредна седница.

Како што се наведува во членот 59, претресот може да заврши со донесување одлука за одзemање на мандатот на пратеникот или со заклучок дека нема елементи за одзemање на мандатот на пратеникот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This